Ваква АТП листа не е видена во последните 19 години
Традиционално секој понеделник се објавува новата светска тениска АТП-листа, а овојпат таа е посебно интересна. За првпат во последните 19 години во Топ 10 тенисери во светот има тројца Американци. Бен Шелтон, Тејлор Фриц и Томи Пол се Американците кои се меѓу најдобрите 10 во светот, што е повторување на подвигот од 2006 година, кога во Топ 10 беа