Зошто пролетта ја доживуваме како нов почеток?
Ова „нов почеток“ секогаш ни звучи чудно, бидејќи нема „стар почеток“. Но „новоста“ е во цикличноста и обновувањето, чувство кое изгледа не е само симболично туку има длабоки корени во природата, културата, па дури и во нашата физиологија. Со доаѓањето на пролетта, по нешто што изгледа како долга зима (и покрај тоа што секоја година изгледа потопла),

