Лестер го официјализираше доаѓањето на Ван Нистелрој
Руд ван Нистелрој е новиот менаџер на Лестер. Холанѓанецот го замени Стив Купер, кој доби отказ по само пет месеци и поразот од Челзи (1:2) минатиот викенд на стадионот „Кинг Пауер“ во Лестер, а договорот со Ван Нистелрој е до летото 2027 година. Поранешниот ас на Манчестер Јунајтед го предводеше стручниот штаб на клубот од „Олд Трафорд“ како в.д.