Рекордна година: Колку заработи Синер со освојувањето на Вимблдон?
Јаник Синер го освои првиот трофеј на Вимблдон, а тоа му донесе највисока индивидуална заработка во кариерата од еден турнир, што доликува на неофицијалното „светско првенство во тенис“. Со голема победа над ривалот Карлос Алкарас од 3-1 (4:6, 6:4, 6:4 и 6:4), Синер ја освои четвртата Гренд слем титула во кариерата. По двата трофеја на Австралија опен