Владата го намали ДДВ-то за дизелот, мерката ќе важи до 28 септември
Регулаторната комисија за енергетика денеска треба да ги соопшти новите цени на горивата. Владата вчера соопшти дека на седница е донесена одлука за намалување на ДДВ-то од 18 на 10 проценти за дизелот, а одлуката е со цел да се ублажи ценовниот удар врз граѓаните и стопанството во услови на кризна состојба поради можноста за нарушувања во снабдувањето









