Распишан тендерот за системот БРТ - планирана линија од Ѓорче до Лисиче долга 12.8 километри
Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) вчера го објави претквалификацискиот тендер за изградба на првата линија од системот за брз автобуски превоз – БРТ во Скопје. Градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски информираше дека тендерската постапка е распишана и ги повика заинтересираните компании од Македонија и регионот да се пријават. Според официјалниот









