Преку шеесет македонски производи ќе се извезуваат во САД по тарифи од 0 до 6,5 проценти
Се очекува повеќе од шеесет македонски производи да бидат извезувани во САД со поволни тарифи од 0 до 6,5 проценти, што е резултат на активните преговори меѓу двете земји. Меѓу производите се тутун, ајвар, електрични уреди, машини, делови за муниција и автобуси од фабриката во „Бунарџик“. Ваквите царински стапки ќе овозможат зголемување на извозот,









