Во јануари издадени 256 одобренија за градење – бројот намален за 19,2 проценти
Во јануари годинава се издадени 256 одобренија за градење, што претставува намалување од 19,2 проценти во однос на истиот месец од минатата година, објави Државниот завод за статистика. Според податоците, најголем дел од одобренијата – 160 или 62,5 проценти – се наменети за објекти од високоградба, 31 одобрение (12,1 проценти) се за нискоградба, додека






