Бордот на ФИБА потврди: Македонија ќе организира Европско кадетско првенство Б-дивизија
Станува збор за кадетското Европско првенство Б-дивизија кое наредната година ќе се одржи во Скопје во периодот од 7. до 16. август. Покрај кадетската машка репрезентација, КФСМ ги пријави за учество и кадетската женска репрезентација, двете репрезентации (машка и женска) до 18 години, како и машката репрезентација до 20 години.