Од ветувања за најниски цени на горивата во регионот, до 104,50 денари за дизел – Левица бара намалување на давачките за горивата, маржите и патарините
Дизелот чини 104,50 денари за литар, откако РКЕ повторно ја зголеми максималната малопродажна цена – за цели 5,50 денари во само една недела. На 11 август дизелот чинеше 91,50 денари, што значи дека за нешто повеќе од еден месец поскапе за 13 денари. Дизелот е основен трошок за транспортот, земјоделството, градежништвото, дистрибуцијата и производството









