Спектакуларниот концерт „Љубов“ го отвори Охридско лето
Спектакуларен гала-концерт со светските оперски ѕвезди Ермонела Јахо и Чарлс Кастроново го означи почетокот на 66. издание на фестивалот „Охридско лето“. На сцената на Античкиот театар, придружувани од оркестарот на Националната опера и балет под диригентство на Марко Боеми, уметниците изведоа најпознати оперски арии и дуети, наградени со долготрајни










