Лажна дојава за бомба во тетовската гимназија „Кирил Пејчиновиќ“
Дојава за бомба пристигнала утрово во гимназијата „Кирил Пејчиновиќ“ во Тетово, информираат од МВР. Преземени се стандардни безбедносни процедури, а учениците и персоналот привремено се евакуирани од објектот. По извршените проверки од страна на полициските екипи утврдено е дека се работи за лажна дојава.








