„Се надевам дека ќе умреш од рак!“ — Брутални закани ги потресуваат тенисерките, Кејти Болтер открива шокантни пораки
Британската тенисерка Кејти Болтер откри дека добила страшни закани и навреди додека играше на Ролан Гарос оваа година. По поразот во првиот сет од Карол Моне, таа почнала да добива морничави пораки исполнети со омраза. „Се надевам дека ќе добиеш рак!“ – една од пораки што ја потресоа, додека други содржеле навреди и закани за нејзиното семејство.