„ДПМНЕ мести свои луѓе да го надгледуваат прислушувањето – го преземаат и граѓанскиот надзор“, велат од Левица
„Во држава со досие на масовно прислушување, ДПМНЕ повторно посегнува по една од најчувствителните институционални брани против злоупотребата на државната моќ. Наместо независен надзор над тајните служби, владејачката партија го претвора Советот за граѓански надзор во уште еден полигон за политичко влијание, каде што партиските релации очигледно тежат








