Привршува реконструирањето на бензинската станица во Расадник, се гради и паркинг
Реконструкцијата на бензинската станица во населбата Расадник е во завршна фаза. Градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска-Трајкоска, изврши увид во градежните активности. – Овој објект, кој датира уште од 70-тите години на минатиот век, во моментов поминува низ фаза на целосно реновирање и модернизација. Проектот опфаќа не само обнова

