Билетите за мечот Македонија – Ирска се веќе достапни
Кошаркарската федерација на Македонија денеска објави дека и официјално се пуштени во продажба билетите за претстојниот натпревар од претквалификациите за Евробаскетот во 2029 година, помеѓу Македонија и Ирска, кој што го играме на домашен терен. Натпреварот ќе се игра на 2. јули, во спортската сала „Лазар Лечиќ“ во Скопје, со почеток од 18.часот.
Симболична цена на билетите за одлучувачкиот меч на Македонија
Кошаркарската федерација на Македонија ги пушти во продажба билетите за мечот од претквалификациите за Европското првенство против Ирска. Дуелот се игра на втори јули во салата „Лазар Лечиќ” со почеток во 18 часот, а билетите се по симболична цена од 200 денари и се продаваат преку МКтикетс. Македонија е лидер во групата со максимални четири победи



