Зборот „Македонија“ исчезна од новото лого на кошаркарскиот вицепрвак Пелистер!
Кошаркарскиот клуб Пелистер од Битола се пофали со ново лого, но предизвика бура реакции меѓу битолчани поради изоставувањето на зборот „Македонија“. Новото лого на македонскиот вицешампион, основан во 1948 година, ги содржи заштитните знаци на градот на конзулите – планината Баба, Саат кулата и моликата, содржи и кирилично писмо наместо латиничното