„Голдберг варијациите“ на Бах во изведба на Дино Имери денеска во Виена
Македонскиот пијанист Дино Имери, еден од највпечатливите уметници на својата генерација, денеска ќе настапи во Виена – глобалниот и историски центар на класичната музика. На програмата е капиталното дело на Јохан Себастијан Бах – „Голдберг варијации“, кое ретко се изведува на концертните сцени низ Европа, токму поради неговата исклучителна сложеност