Тениската легенда Џон Мекинро застана во одбрана на Новак Ѓоковиќ
Еден од најдобрите тенисери во историјата, Џон Мекинро , застана во одбрана на Новак Ѓоковиќ по неговото соочување со публиката на Вимблдон , велејќи дека српскиот тенисер често бил непочитуван во кариерата. Способноста на Ѓоковиќ да се справи со интензивната атмосфера е причината поради која тој стана најдобар тенисер на сите времиња, според Мекинро