Цела сала стана на нозе и со аплауз му оддаде почит на Гоце Арнаудов кој постхумно доби награда за животно дело на Фолк фест Валандово
Фолк легендата Гоце Арнаудов постхумно доби награда за животно дело на Фолк фест Валандово, кој се одржува во салата „Јанко Узунов”. Наградата ја прими неговата сопруга Силвија Арнаудова која се расплака на сцената и се поклони пред неговата слика. „Тој со мерак пееше на овој фестивал и беше негово обележје”, рекоа водителите Ирена Спировска и Ѓорѓи