Палатата „Рубен“ – еден од симболите на минатото и на убавината на градот
Со својот величествен изглед и со историската вредност, палатата „Рубен“ претставува монументална градба во центарот на Скопје. Сместена на улицата „Илинденска”, на излезот од Градскиот парк, таа и денес привлекува внимание, како еден од симболите на минатото и на убавината на градот. Палатата „Рубен“ е станбена зграда на семејството на познатиот скопски