Македонските ракометари против Словачка во мундијалскиот бараж
Македонската машка ракометна репрезентација ќе игра против Словачка во баражот за пласман на Светското првенство во 2027 година. Ова е епилогот од реванш натпреварот меѓу Словачка и Украина во кои домашната репрезентација и покрај поразот од 32-31 ја зачува предноста од првиот дуел во кој словачките ракометари триумфираа со 27-24. Избраниците на селекторот










