Врзан за бандера бара правда и помош за настраданите во Кочани
Прво висеше на бандера, за да го привлече вниманието, за потоа да ги праша „големците“ – „толку ли брзо го заборавивте Кочани?“. Кочанчанецот Мартин Кировски со герила акција на плоштадот „Македонија“ повика на свесност кај институциите. Тој кажа дека пет другари му загинале во пожарот во „Пулс“.