До пладне без вода три скопски улици
ЈП Водовод и канализација известуваат дека од вчера, со почеток од 18 часот, на улица Никола Парапунов се врши санација на два затворачи Ф400мм и Ф500мм. Без вода се корисниците на улица Никола Парапунов, дел од улицата Разловечко Востание и дел од улицата Вич. Нормализирање на водоснабдувањето се очекува да биде околу 12 часот денеска (сабота).









