Филипче: 3% не е доволно зголемување – пензионерите немаат за да го преживеат месецот
Зголемувањето на пензиите од околу 3% не е доволно зголемување за пензионерите да го преживеат месецот и да имаат достоинствен живот, нагласи претседателот на СДСМ, Венко Филипче, по средбата со пензионери во скопската општина Карпош. Филипче посочи дека во услови на огромен раст на цените и сите трошоци за живот, пензионерите се соочуваат со сериозен







