Нов удар за Олимпија Милано: Букер во аут три месеци
Олимпија Милано се соочува со сериозен проблем откако остана без центарот Девин Букер, кој поради повреда на тетивата на квадрицепсот на десната нога, би можел да отсуствува и до три месеци. Американецот се повреди на дуелот со Олимпијакос, а дополнителните прегледи покажаа кинење на тетивата на мускулот. Италијанскиот клуб веќе почна потрага по нов

