МАНАСИЕВСКИ: Пупката на Заев донесе срамни пресуди во корист на Филипче за пожарот во болницата во Тетово, во која загинаа 14 луѓе
Срамни пресуди за пожарот во Модуларната болница во Тетово, во којшто загинаа 14 луѓе, изјави на денешната прес-конференција Валентин Манасиевски од ВМРО-ДПМНЕ. Во секоја друга држава осудени ќе беа сите кои на некој начин се поврзуваат со случајот и допринеле во трагедијата, а казните ќе беа во десетици години. Кај нас осудени се директори на болници,