Малолетници повеќе нема да смеат да возат електрични тротинети
Е лектричните тротинети повеќе нема да бидат сива зона на улиците. Собранието, во рамките на 106. седница, ги донесе измените на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, со кои се воведуваат построги правила за лесните електрични возила. Најголемата промена е јасна и директна: малолетници нема да смеат да управуваат електрични тротинети.










