Бобан Илиоски: Ова е сон за мене, благодарам на „Комити“ за огромната поддршка!
Најдобриот македонски кикбоксер Бобан Илиоски синоќа се закити со титулата светски професионален шампион во кикбокс на ВАКО ПРО во дисциплината К1 (до 88,6 килограми), откако во спектаклот во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје со одлука на судиите славеше со 2-1 против актуелниот светски аматерски шампион Берк Дузенли од Турција. Македонија првпат беше