Берокал: „Најважно е што се натпреварувавме сите 40 минути и што ја изградивме потребната самодоверба“
Македонската сениорска репрезентација ја заврши првата фаза од претквалификациите за Евробаскетот 2029 со максимален ефект, откако на гостувањето во Луксембург славеше со 80:66. И покрај бројните кадровски проблеми и скратениот ростер, избраниците на селекторот Жозеп Марија Берокал уште еднаш покажаа карактер и заслужено стигнаа до шестата победа во

