Самит на Македонија2025: Лидерите од регионот ќе дебатираат за забрзување на растот, поттикнување на лидерство и регионално поврзување
Македонија2025 го најавува 15-тото издание на Самитот, кој оваа година ќе се одржи на 12. и 13. мај, во хотелот „Мериот“ во Скопје. Под мотото „По 2025: Забрзување на растот. Поттикнување лидерство“, Самитот и оваа година ќе обедини високи претставници од Владата, меѓународните организации и дијаспората, како и од бизнис-секторот, инвеститорите, академската




