Искра Хаџи Василева ја презеде функцијата шефица на ОЈО ГОКК
Искра Хаџи Василева и официјално ја презеде функцијата раководителка на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција од досегашниот шеф Ислам Абази, со примопредавање на должноста во Обвинителството. По примопредавањето, Хаџи Василева и Абази имаа средба со државниот јавен обвинител Ненад Савески.








