Мисајловски најави зголемување од 10 отсто на платите во Армијата и одбраната
Министерот за одбрана, Владо Мисајловски, најави десет-процентно зголемување на платите на сите припадници на македонската Армија и вработените во одбраната од јануари следната година. Зголемувањето на платите, рече министерот, е „историски чекор, историско најголемо зголемување во апсолутна вредност.“ „Ако заеднички работиме може да има одлични резултати









