Кошаркарите на Работнички носеа маички посветени на трагедијата во Кочани
Работнички денеска триумфира против Куманово, а на загревањето кошаркарите на скопскиот тим се појавија со маички посветени на трагедијата во Кочани. Кошаркарите носеа маички на кои беа испишани имињата на сите жртви во дискотеката „Пулс“, додека на предната страна на маичката пишуваше „Кочани“.