Пелистер со пресврт славеше над Алкалоид и ја потврди вицешампионската позиција во Супер лигата
Ракометарите на Еурофарм Пелистер и официјално го освоија второто место во Супер лигата и следната сезона ќе имаат можност да настапат во групната фаза од Лигата на Европа. Битолчани три сезони по ред беа шампиони на Македонија, но оваа сезона завршија со 52 бода, колку што има и Охрид на третата позиција, односно осум помалку од шампионот Вардар.


