„Дездемона“ на Скопје танцовиот театар ја освои шекспировата Верона
Танцовата претстава „Д (како Дездемона)“ на Скопје танцовиот театар во кореографија на Рисима Рисимкин во целост ја освои публиката во шекспировата Верона. Комплетната изведба, кореографијата, музиката и визуализацијата на претставата дадоа еден сосема нов аспект на „читање“ на делата на Шекспир и неговите женски ликови, а извонредната креација и интерпретација