Од синоќешната Австриска вечер на Охридско лето
Возбудливо уметничко доживување приредија членовите на гудачкиот квинтет на Тиролскиот симфониски оркестар од Инсбрук, настапувајќи на Австриската вечер на фестивалот „Охридско лето“. Публиката уживаше во извонредната изведба на виолинистите Сузан Мерт-Томази и Андреј Јаблоков, на виолистката Елеонора де Пои, виолончелистот Леонардо Сесена, како и