„Торонто Експрес“ со Александар Микиќ во Струга
Со претставата „Торонто експрес“, Македонскиот народен театар ќе гостува вечерва во 20 часот на летната сцена при Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ во Струга. Ова сценско дело е работено по мотиви од збирката есеи „Тибам Штркот“ од авторот Зоран Спасов Ѕоф. Режијата е на Јордан Симонов, а адаптацијата на текстот е заедничко дело на Благоја Бошковски,