Доларот на најниско ниво во последните три години
На девизните пазари вредноста на доларот во однос на кошничката валути минатата недела падна на најниско ниво за повеќе од три години, но во петокот поради конфликтот меѓу Израел и Иран малку ја подобри својата вредност. Индексот на доларот кој ја мери вредноста на американскиот долар во однос на шест главни валути, се намали за 1,1 процент на 98,14