Поради расправија во сообраќајот, со нож е избоден маж од скопското село Арнакија
Полициски службеници го уапсија С.Х.(25) од скопското село Семениште, постапувајќи по претходна пријава дека на стариот пат Тетово – Скопје, поради недоразбирање во сообраќајот, физички го нападна Е.Е.(34) од село Арнакија, скопско, и со нож му нанесе убодни рани. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава, извести полицијата





