ПОЛИТИЧКИ СУДИР: Унгарија ќе го блокира новиот пакет санкции на ЕУ за Русија - ова е причината!
Унгарија најави дека ќе го блокира новиот пакет санкции на Европската Унија против Русија, со цел да се принуди Киев да ја обнови испораката на нафта преку нафтоводот „Дружба“. Министерот за надворешни работи, Петер Сијарто, истакна дека Будимпешта нема да дозволи усвојување на одлуките важни за Украина додека не се реши прашањето со снабдувањето.










