Во 2018 година Барселона за него плати 160 милиони евра, а сега остана без клуб
Бразилскиот клуб Васко де Гама официјално ја потврди разделбата со Филипе Кутињо. Бразилскиот играч од средниот ред по меѓусебна согласност го раскина договорот кој требаше да истече кон средината на годината. Според клубот, иницијативата за предвремено раскинување ја презел самиот играч. Одлуката е донесена по неговиот последен натпревар, во кој навивачите

