Во Стоби во септември ќе се отвори Центар за посетители
Во Стоби во септември треба да биде отворен нов Центар за посетители, кој ќе биде сместен во објектот на Старата железничка станица на археолошкиот локалитет. Најавата ја соопшти министерот за култура и туризам Зоран Љутков при посетата на оваа национална установа, истакнувајќи дека проектот е дел од пошироките вложувања во истражување, конзервација






