Пругата Бељаковце-Крива Паланка е со реализација од 40 отсто, моментално се гради најдолгиот мост
Бележиме засилени градежни активности на изградбата на пругата кон Бугарија, делница од Бељаковце кон Крива Паланка. Оваа делница е во должина од 34 километри. Во моментов засилено се гради најдолгиот мост број 7, во должина од 194 метри, еден од трите неизградени мостови, од вкупно 29 мостови, објави директорот на МЖ „Инфраструктура“, Синиша Ивановски








