ПО ИНЦИДЕНТОТ СО НОЖИЦИ НА ГАК: Дводневното бебе оперирано, таткото бара правда, а не пари
Нови детали се објавени за сериозниот инцидент на Клиниката за гинекологија и акушерство (ГАК) во Скопје, каде што новороденче старо само два дена се здобило со повреда на прстот при отстранување на инфузија. Бебето било итно оперирано на Клиниката за детска хирургија, а според информациите на лекарите, прстот ќе остане функционален, но ќе биде пократок










