Во оваа громогласна тишина се собра сета тага на Кочани што ја почувствува светот, рече Манчевски По светската премиера на „Добри луѓе“ во Сараево
Од Сараево за САКАМДАКАЖАМ.МК: Марина Лазаревска „Добри луѓе“, документарецот на Милчо Манчевски со преживеаните од пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, синоќа имаше светска премиера во натпреварувачката документарна програма на 32. Сараевски филмски фестивал. Филмот предизвика голем интерес кај фестивалската публика, која не можеше да ги скрие










