Градот стана звук: Промоција на плочата „We Pretend It’s a City“ во Битола
На крајот на април една стара битолска куќа се претвори во резонантна точка на урбаната култура. Токму таму се одржа промоцијата на првата компилациска плоча од Битола – We Pretend It’s a City Bitola. Настанот ја надмина формата на класична промоција и стана жива инсталација на градскиот звук. Публиката беше сведок на неповторлива вечер, во која настапија