Срцето на Ново Лисиче добива нов лик
Се реконструираат јавните и пешачките површини во средишниот дел на Ново Лисиче, кај кулите меѓу зградите 39, 41 и 43. Од Општина Аеродром информираат дека градежните активности се состојат во замена на старите и дотраени плочки со нови павер-елементи, со што просторот добива уреден изглед и повторно станува безбеден за движење на граѓаните. – Со реконструкцијата






