„Рингишпил“ на Дамјан Стоименовски – кога љубовта не заминува, туку кружи во мислите
Со својата најнова песна „Рингишпил“ , младиот македонски пејач Дамјан Стоименовски отвора едно многу лично поглавје – она кое зборува за љубов што не завршила, туку само престанала да се случува во реалноста. Станува збор за емотивна поп балада во која доминира чувството на внатрешен немир – моментот кога човек знае дека нешто е готово, но срцето







