Андреј Маслинко и Елена Тасевска со МВП признанијата во Купот
Со одигрување на финалните натпревари, и во машка и во женска конкуренција, се комплетираше овогодишното издание на Купот „Благоја Георгиевски – Буштур“. Во женска конкуренција, по пауза од шест години, пехарот од Купот го кренаа кошаркарките на ЖКК Вардар. Црвено – црниот табор од Скопје славеше над ланскиот освојувач, екипата на ЖКК Баскет Кам 2011